Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34756

Како да бидете сами и среќни?

$
0
0

Како да станеме сами на себе доволни како емоционална поддршка?

Не оставајте моменти за самотија

„Сите неволји потекнуваат од неможноста човекот да помине некое време сам со себе“- Blaise Pascal.

Токму со оваа реченица почнува текстот на светски познатиот зен блогер Leo Babaut. Наместо да предизвикува страв, вели тој, самотијата може да биде нашиот пат до себеси, начин подобро да се запознаеме себеси, токму во моментите кога сме изолирани од светот.

Сите понекогаш се плашиме од самотија, вели тој, се плашиме да не останеме без партнер, пријатели, семејство, но се поголема оптеретеност со тој страв доведува до тоа да не се оставаме себеси сами ни за момент. За тоа придонесува и поврзаност на социјалните мрежи, трговските центри, рестораните.

Зошто стравот од самотија е опасен?

Затоа што од нас прави зависници од луѓе и прави да се дружиме дури и со луѓе кои не се добри за нас и да западнеме во круг создаден од прекумерна храна, шопинг, лоши пријателства и други замени за љубов.

„Од самотијата се плашиме бидејќи ја доживуваме како депресивна, страшна, но таа може да биде и прилика за расчистување“, вели Babaut. Уште повеќе, има нешта кои не се замисливи во друштво- задлабочување во некоја книга, повремено пишување песни или некој друг начин на креативно изразување, па тогаш самотијата и те како ни годи.

Прашања

Бидете мирни и побарајте одговори во себеси на следните прашања: Кои сте вие? За што сте посебни? Може ли да ја пронајдете вашата внатрешна убавина? Има ли вистинска причина за таков стра?

Да се биде сам не е лесно, но ако сте спремни за тоа, тогаш лесно ќе научите и многу практични нешта потребни за полесно снаоѓање во светот. Како да водите домаќинство? Како да патувате сами, да органзирате добро. И затоа, не плашете се од самотијата, ужувајте во неа.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34756

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>