Иво Андриќ е познатиот балкански писател кој со задоволство го читавме како дел од нашите задолжителни лектири на училиште. Се потсетуваме на неговите најубави и најискрени мудрости за животот и љубовта.
Кој прави добро, уште повеќе добро се очекува од него.
Љубовта, кога е искрена и длабока, лесно простува и заборава.
Мирот и спокојството се единственото добро и најголемо достоинство на скроимните луѓе.
Младоста е среќно добра во кое човекот почнува да верува во себе, а сѐ уште не престанал да верува во другите.
Од своето потекло и од своето детство не може да се побегне.
Раната која се крие, многу бавно и тешко зараснува.
Животот ни го враќа само она што им го даваме на другите.
Сите вистински животи се убави, но често и тешки.
Животната сила на еден човек, често се мери и според неговата способност за заборавање.
Многумина го постигнуваат тоа што го сакаат, но се губат себеси во тоа.