Со доаѓањето на празниците, посебно на Нова година и Божик, и со зголеменото консумирање на мрсна и слатка храна, се зголемува и ризикот од настанување на срцев удар.
Освен тоа, намалена е и зачестеноста на посети на лекари поради одредени тегоби, имајќи предвид дека многумина патуваат или едноставно не сакаат да го трошат времето.
Претходните студии спроведени во САД веќе го поврзаа празничниот период со срцевите заболувања, односно со застојот на срцето, но долго се верувало дека застоите настануваат поради студеното време.
Меѓутоа, се позачестено е мислењето дека како причина за се поголемиот број срцеви удари во текот на празничната сезона лежи во лошата исхрана, стресот и неприступачноста или неможноста за одење во болница.
Истражувањата покажале, пишува „Индепендент“, дека стапката на срцеви удари во периодот од Божик до втората недела на јануари е поголема за 4,2 отсто во однос на јужната хемисфера каде што Божикот и Новата година се во текот на летото. Освен тоа, во тој период најзагрозена е помладата популација.
Џош Најт, професор од Универзитетот во Мелбурн, смета дека токму отсеченоста од главните медицински установи и зголеменото консумирање алкохол и нездрава храна се причина за срцевите застои во текот на овој период.
Симптомите на срцев удар се различни кај мажите и жените. Некои од нив се болка или трнење на раката (особено левата), потење, мачнина и повраќање, анксиозност, кашлица, притисок и болка во градниот кош.
Кај жените, постарите лица и болните од дијабетес голема е веројатноста на отсуство на болката во градниот кош.