За овој тест се зборува дека потекнува од Тибет, а многумина веруваат дека го составил лично Далај Лама. Било да е тоа точно или не, сигурно ќе ви приреди забава, а според многумина желбите навистина се остваруваат.
После само три прашања, одговорите би можеле да ве изненадат. Не постојат неточни одговори, бидејќи се работи за забавен прашалник кој ќе ви открие каква личност сте, кои се вашите приоритети, иако можеби и не сте свесни за тоа.
Бидете искрени со одговорите. Земете лист и пенкало и забележете ги своите одговори. Потрудете се да го напишете она што прво ќе ви падне на ум.
Тест:
Откако ќе одговорите на овие три прашања запишете го својот омилен ден и омилен број.
1.Подредете ги следните животни по редослед почнувајќи од она кое ви е најдраго.
Крава, тигар, овца, коњ, прасе.
2.Напишете по еден збор кој ги опишува следните поими:
Куче, мачка, глушец, кафе, море.
3.Сетете се на некого кого познавате и кој ви е важен, а кого можете да поврзате со некоја од следните бои. Не го повторувајте два пати истиот одговор, за секоја боја одговара по една личност.
Жолта, портокалова, црвена, бела, зелена.
Одговори:
Вака се опишуваат приоритетите во животот: кравата ја претставува кариерата, тигарот-гордоста, овцата-љубов, коњот-семејството, а прасето ги претставува парите.
Вашиот опис за кучето ве претставува вас самите, мачката го претставува вашиот партнер, а глушецот ги опишува вашите пријатели.
Она што го напишавте за да го опишете кафето, го означува вашето поимање на љубовниот живот, додека описот на морето го објаснува начинот на кој живеете.
Што се однесува до боите, личноста која ја поврзавте со жолтата боја е личност која никогаш нема да ја заборавите. Портокаловата боја ви асоцира на вашиот вистински пријател. Црвената боја ја симболизира љубовта, па личноста која ја ве асоцира на црвената боја е вашата вистинска љубов. Белата боја е вашата сродна душа. Зелената, е личност која ќе биде во вашиот живот се'до крајот.