Математиката може да биде се'само не досадна и неинтересна. Со користење на броевите и пресметување можат да се изведат некои многу интересни трикови.
Еден таков трик неодамна се појави на социјалните мрежи и од тогаш ги забавува луѓето кои по кратка пресметка остануваат во чудо. Оваа математичка формула ќе ви покаже кој број на кондури носите и колку години имате.
Постапка:
Својот број на кондури помножете го со 5, потоа додадете 50, па целиот збир помножете го со 20. Додадете 1015, а одземете го бројот на годината во која сте родени. Резултатот ќе биде четирицифрен број чии први две цифри го откриваат бројот на чевли кој го носите, додека последните две се годините на вашата возраст.