Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Четири жени, сосема искрено признаа зошто изневеруваат

$
0
0

Четири жени, сосема искрено ја открија причината поради која го изневериле својот партнер. Иако луѓето во главно го осудуваат неверствтото и сметаат дека до тоа доаѓа поради себичност, причините кои ги наведоа овие жени ќе ве изненадат. 

Изневерив за да научам да го ценам она што го имам
Седум месеци Оксана била во врска со Џон, кога започнала да го изневерува. Но, по два месеци тајно состанување со со друг маж, Оксана сфатила дека всушност има искрени и силни чувства кон Џон и ја прекинала аферата. Му го признала тоа на својот партнер, а 3 години подоцна, нивната врска е посилна од кога и да е. 

-Со него, се беше супер, но едноставно почнав да се запрашувам, дали прерано му се препуштив, па затоа и дојде до тоа да го изневерам. Со љубовникот прекинав преку порака и никогаш повеќе не го видов. Џон беше скршен кога му признав, но ми прости. Никогаш не сум била посреќна и мислам дека не би знаела да го ценам она што го имам со него, да не згрешев на самиот почеток, вели Оксана. 

Изневерував поради тоа што бев осамена
43-годишната Шерон е во брак 19 години, но се чувствува многу осамено. Тоа била причината за да започне афера. Нејзиниот маж бил постојано на работа, а кога бил дома бил изморен и не и посеветувал внимание. Па затоа, започнала афера со својот колега, со кој имале слични интереси и со кого можела да биде опуштена, односно се она што не можела со својот сопруг. 

-Ми даваше комплименти и правеше да се чувствувам посебно, а сето тоа водеше до секс, што секако правеше да се чувствувам уште подобро, попривлечно, признава. Аферата траеше 3 месеци, но совеста не ми дозволи да продолжам. На крајот се му признав на сопругот, беше скршен, но инсистираше да останеме заедно. Му беше јасно што довело до таквата ситуација. Не сакам целиот живот да го поминам сама пред ТВ, вели Шерон. 

Изневерив бидејќи се вљубив
Џо и Стјуарт биле соседи и двајцата во брак кога ја започнале аферата. Во меѓувреме ги оставиле своите претходни партнери и сега имаат 3годишна ќерка. Стјуарт ми се допаѓаше од самиот почеток, но никогаш не помислив дека ќе бидам со него. Мојот брак се распаѓаше па едноставно најдов утеха во него, вели Џо. На почетокот би разговарале кога ќе се сретнат, а набргу почнале и да се допишуваат на Фејсбук. 

-Една вечер ми прати порака да се најдеме во дворот, мислев дека се шегува. Се најдовме и од таму почна се, бргу потоа почнавме редовно да излегуваме. Сексот беше одличен, признава Џо. На почетокот не ни размислував да ја признаам аферата, сепак, имав две мали деца, но бргу потоа не можев да престанам да мислам на него. Нејзиниот сопруг ја добил куќата и старателството врз децата, но таа никогаш не била посреќна. 
-Единствено ми е жал за децата кои имаа 4 и 5 години кога тоа се случи, вели таа. 

Изневерив за да се одмаздам
Ребека го изневерила својот маж, откако дознала дека тој ја изневерил со 6 жени. 
-Мојот сопруг се промени веднаш штом останав бремена. Почна подоцна да доѓа дома, а за викендите воопшто и не се враќаше дома, како тоа да е најнормална работа, раскажува Ребека. 

-Кога бев во 8-миот месец на бременоста се посомневав дека ме изневерува. Најмив приватен детектив, кој ми кажа дека би можело да се во прашање дури 6 жени. Му кажав дека се знам, но тој не признаваше. Откако трпев и наредните 8 месеци, започнав афера со мојот поранешен дечко, кои исто така беше оженет. Врската траеше 3 години, што ми беше бегство од реалноста. Но во суштина само уште повеќе ми го искомплицира животот. Сфатив дека не сум среќна и ги оставив и сопругот и љубовникот. Верувам дека еден ден ќе го најдам вистинскиот, заклучува Ребека. 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>