Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Претседателот упати честитка до Си Џингпин по повод кинеската Нова Година

$
0
0

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод кинеската Нова година, упати честитка до претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг.

– По повод кинеската традиционална Нова година, ми претставува особена чест и големо задоволство, во името на граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, Вам и на пријателскиот кинески народ, да Ви упатам искрени желби за просперитет, благосостојба, мир и стабилност во Новата 2017 година. Со задоволство можам да констатирам дека севкупните односи меѓу Република Македонија и Народна Република Кина ги одликува искреното пријателство, заемна доверба и разбирање, изразени преку континуиран, плоден политички дијалог, стои во честитката.

Воедно, шефот на државата изразува убедување за натамошно јакнење и унапредување на соработката меѓу двете земји.

– Истовремено, би сакал да го изразам моето искрено убедување дека и во Новата 2017 година, со заеднички заложби ќе продолжиме да го јакнеме нашето традиционално пријателство и ќе ја унапредуваме нашата добра соработка со поголем интензитет во сите полиња од заемен интерес. Дозволете ми, почитуван господине Претседателе, уште еднаш да го изразам моето длабоко почитување и да Ви упатам искрени желби за добро здравје, лична среќа  и успех во Новата година, се наведува во честитката од претседателот Иванов.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles