Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Цената на становите во Скопје поевтина од Белград, но поскапа од Анкара и Софија

$
0
0


Според податоците од Државниот завод за статистика, квадратот во главниот град минатата година имал просечна цена од 52.916 денари или околу 860 евра, додека во претходната 2014 година чинел 53.878 денари односно нешто повеќе од 870 евра. Податоците покажуваат дека лани само во второто полугодие цената бележи пад од 1,5 отсто во однос на првите шест месеци од 2015 година.

Доколку се направи анализа на цените од останатите главни европски градови, Скопје се наоѓа на третото место на листата на најефтини станови. Така пред нас со поефтин метар квадратен се само Софија и Тирана. Во Тирана цените се пониски за 20%, а во Софија цените се движат во интервал кој е понизок на околу десет проценти.

Веднаш под Скопје на листата се наоѓаат Букурешт, Будимпешта и Подгорица. Белград е подолу на листата со цена што е за скоро 30% повисока од цената во Скопје. На слична позиција како Белград на оваа листа се наоѓа и Атина, таму цената за метар квадратен изнесува 1140 евра.

Најдолу на листата е Лондон кој што во Европа е најскап град за недвижности со цена повисока повеќе од десет пати од таа во Скопје.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>