Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, ги известува сите учесници во сообраќајот дека денеска екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, ќе работат на санација на ударни дупки со ладна асфалтна маса на булеварот Борис Трајковски.
На овој потег ќе се поставуваат заштитни столбови кај Министрство за правда на улица Димитрије Чуповски и кај Хотелот Холидеј Ин, а ќе направат контрола и обиколка на семафоризираните крстосници, како и контрола на вертикална сигнализација, оттука ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.