Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Универзитетската библиотека ќе добие нов покрив

$
0
0

Објектот на Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Скопје ќе добие нова кровна конструкција. 

Реконструкцијата на покривот доаѓа по долгогодишниот проблем со протекувањето кој ја уништува инсталацијата на објектот. Раководството на библиотеката потпиша договор вреден 35 776 000 денари со компанијата „Пескара-Вел“ од Велес, која ќе го санира покривот, односно хидро и термо изолацијата на армирано-бетонската покривка. Рокот за завршување на градежните работи е 10 месеци. 

Ова ќе претставува втора фаза од проектот за комплетно реновирање на оваа национална установа, откако минатата година беше реконструирана водоводната и канализационата мрежа. За таа цел беа потрошени 5,1 милион денари. По завршувањето на градежните работи околу втората фаза, ќе следува и трета, односно финална. Во третата фаза предвидена е санација на двете читални како и административните простории и сите останати простории во библиотеката. 

Објектот датира од 1971-ва година и е дело на архитектот Петар Муличковски. Објектот е заштитен како недвижно културно наследство од страна на Управата за заштита на културното наследство. 

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>