Скопската полиција поднесе кривична пријава против Љ.Д. (21), М.В. (19), М.Ј. (19) и М.М. (18), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело насилство.
На 23 септември 2016 година околу 23.50 часот во угостителски објект во летна бавча пријавените ги нападнале оштетените фрлајќи со камења и стаклени предмети кон нив, а еден од пријавените успеал да фати еден од оштетените и почнал да го удира со боксови и стаклено шише по глава. Во тој момент се вмешале некои од присутните гости во локалот заедно со сопственикот и ги оттргнале пријавените од оштетените, по што пријавените со автомобил фиат браво заминале од местото, соопштија од полицијата.