Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Плати во зима, летувај поевтино во јули

$
0
0

Се поголем број македонски граѓани ги користат погодностите што ги даваат раните резервации за летен одмор бидејќи на тој начин може да заштедат добра сума.

Во туристичките агенции потврдуваат дека интересот за ваквите понуди е мошне голем и оти поради попустите, добар дел од летните аранжмани веќе се продадени. Попустите за раните резервации најчесто се однесуваат за уплати до крајот на март, а за нашите туристи, традиционално, најинтересни се летувалиштата во Грција, Турција и Бугарија но побарувачка има и за некои егзотични дестинации.

Овој тренд, кој во светот е редовна практика на туристичките агенции, им овозможува на граѓаните да заштедат значаен износ пари, што не може да биде случај ако платат одреден аранжман во шпицот на сезоната, по редовна цена. Така, тие што ќе се решат уште отсега да резервираат кревет за летен одмор ќе добијат попуст од 10 до 20 отсто од редовната цена за летување во јули или август, а тие што уплатиле во јануари добиле и до 30 отсто попуст.

Така оние кои сега ќе решат да си уплатат за летување можат да најдат и 10 дневен аранжман за Грција во износ од 50 евра.

Што се однесува за Турција, интересот годинава е помал, пред се поради безбедносни причини, но кај овие аранжмани исто така проблем е тоа што целата сума мора да се уплати во одреден рок, а не на рати како што е случај со другите дестинации.

Под рана резервација се подразбира уплата на најмалку 30 отсто од вкупната сума на аранжманот веднаш, а преостанатиот дел додека трае периодот кога агенцијата го дава попустот, за да може да им се пресмета по таа цена. Вообичаено, овој период е некаде до почетокот на мај, па поради тоа, граѓаните кои планираат на овој начин да резервираат одмор треба да имаат однапред подготвено пари. Исто така тие  напоменуваат дека оние кои купуваат аранжмани за летување во текот на зимата треба да знаат дека кај first minuteе аражмани нема промена на датумот и имињата на патниците.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>