Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Оставете ги автомобилите дома, бесплатен јавен превоз за сите

$
0
0

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на денешната  прес-конференција објави итни мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот.

- Во согласност со Законот за квалитет на амбиентниот воздух, а во насока на намалување на загадувањето на воздухот со кое сме особено соочени во последниве неколку дена, како и во согласност со ингеренциите што ги имам како градоначалник на Градот Скопје, ја информирам јавноста дека ги донесувам следниве мерки и препораки кои стапуваат во сила веднаш:

1. Воведуваме бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје, и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, се до моментот на намалување на загадувањето, за што јавноста дополнително ќе биде известена. Ги повикувам сите градоначалници од скопскиот плански регион да помогнат во субвенцонирањето на јавниот транспорт за полесно да ја поднесеме новонастанатата ситуација.

2. Градот Скопје ја интензивира контролата на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината.

3. Го задолжувам ЈП „Комунална хигиена“ да го продолжи интензивното миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и им препорачувам на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност.

4. Доколку дозволат временските услови, Градот Скопје ќе продолжи да ги прска градските улици со средството калциум магнезиум ацетат.

5. Во согласност со сегашните прописи во градот не може да се воведе пар-непар, но затоа апелирам до надлежните министерства - за животна средина и просторно планирање, за внатрешни работи и за здравство да предложат измени во законот за да може да се спроведува оваа мерка.

6. Апелирам до вработените во Град Скопје на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>