Добро познатата торта со ресана која се подготвува многу брзо и што е најважно, е БЕЗ печење!
Потребно:
- 1 кгр. ресана
- 200 гр. млеко
- 200 гр. исечкани ореви
- 250 гр. путер
- 2-3 лажици рум
- 300 гр. слатка павлака
Исечкајте ги ресаните на четири дела и попарете ги со топлото млеко и путер. Потоа додадете ги исечканите ореви и малку рум.
Добиената смеса се обликува во вашата омилена форма. Целата торта премачкајте ја со изматената слатка павлака. По желба декорирајте ја со листови бадеми и рендано чоколадо.
Добар апетит и забавно готвење!