Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Зелено светло согласност со метежот: Пократко патување на „Партизанска“ и „Илинденска“

$
0
0

За разлика од минатото, кога семафорите на скопските булевари беа програмирани фиксно, сега тие се адаптираат во согласност со сообраќајот и се менуваат според потребите, метежот и оптоварувањето, благодарение на т.н. адаптивна контрола на сообраќајот. Тоа значи дека зеленото светло не трае секогаш и секаде исто, туку зависи од тоа дали на некоја крстосница има помалку или повеќе возила.

Според градските власти кои неодамна направија студија пред и потоа за булеварите Партизански одреди и Илинден, утврдено е дека е намалено времето на патување на овие сообраќајници од 15 до 20 отсто по воведување на адаптивната контрола на сообраќајот.

Според податоците на Центарот за управување и контрола на сообраќајот (ЦУKС), од каде што автоматски се управуваат семафорите во Скопје, најоптоварена крстосница во изминатиот период е онаа меѓу булеварите Гоце Делчев и Kрсте Петков Мисирков, кај „Мавровка“, и тоа 9.000 возила во врвен час или во еден ден низ неа поминуваат околу 90.000 возила.

Прашањето за зелениот бран на скопските улици беше отворено и на последната седница на Советот на Скопје за советнички прашања. Членот на Советот, Kонстантин Kратовалиев, го постави прашањето дали се работи на регулирањето на светлосната сигнализација на потегот од Ново Лисиче до Градската болница, каде што не постои зелен бран. Ги запраша надлежните што ќе преземат во врска со овој проблем и кога може да се очекуваат резултати, пренесува Дневник.

Во таа насока Зоран Давидовски, раководител на секторот за сообраќај, ја објасни разликата меѓу поранешниот начин на работа на семафорите и сегашниот.

- Порано семафорите работеа во фиксна контрола, што значи дека без оглед дали има или нема на некоја раскрсница повеќе или помалку возила, секундите на зеленото време беа исти. Сега има адаптивна контрола која се адаптира на потребите на приодите што гравитираат кон раскрсниците. Се прави напор со адаптивната контрола што повеќе да се опфаќа зелениот бран - рече тој.

Таа функционира на тој начин што со помош на јамките и детекторите што се вградени во коловозот се бројат возилата што поминуваат на одредени делници. Врз основа на тие бројки и комуникацијата помеѓу неколку соседни крстосници се планира времетраењето на зеленото време, односно тоа може да варира во дефинирани максимални и минимални граници.

 

 

 

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>