Општина Аеродром работи на формирање комисија која ќе има задача да ги одбере најкритичните објекти на кои им е потребна реконструкција на фасада.
По примерот на Град Скопје, Општините Карпош и Центар и Аеродром се реши за ваков чекор. За почеток предвидено е овојо проект да опфати десетина згради, а вкупната бројка не е сеуште позната. Најпрво комисијата ќе направи теренско снимање на објектите со цел да направи проценка, според која подоцна Општината би објавила јавен повик за изработка на идејно решение.
Повикот се очекува да биде отворен на 12 мај. За жителите на зградите кои ќе бидат опфатени со оваа реконструкција, најбитно е фасадите да бидат енергетски ефикасни. Според она што може да се види во Скопје до сега, Градот реновираше фасади на објекти но само оние свртени кон поглавните улици или пешачки зони, па така некои објекти добиваа столбови, украси, а некои и цели спратови. Карпош и Центар беа со малку поинаков пристап и во преден план беше енергетската ефикасност и термоизолацијата, а за изгледот на фасадите одлучуваа граѓаните кои живеат во зградите. Единствена материјална обврска на жителите на зградите беше менувањето на прозорците, кое со посредство на општината им беше овозможено на 36 рати.