Сè повеќе граѓани на своите домови истакнуваат македонски знамиња за поддршка на граѓанска и унитарна Македонија и поддршка на иницијативата „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“.
Од граѓанската иницијатива ги повикаа граѓаните во поддршка на боите на Македонија, да истакнат македонско знаме на нивните прозори и балкони, или пак било што друго кое ќе ја означи црвено-жолтата линија со која исцртува „Да за унитарна граѓанска Заедничка Македонија!„
-Нека знаат вашите комшии, нека знаат сите дека вие сте за земја на почит, толеранција, разум и напредок, а не за политички инструирани бесмислени поделби, уцени и дискриминација, порачаа од ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА.