Сигурно сите сакате да гледате во облаци, кои понекогаш можат да бидат многу привлечни за нашите очи кои се губат во нив и ни наликуваат на различни фигури. Вчера над Скопје се појави „ангел“ кој на многумина им го привлече вниманието, па поставија фотографии на социјалните мрежи.
Оваа чудна форма на облаци и светлина се појави над Скопје и ги заплени погледите на многумина граѓани.
Од фотографиите кои беа поставени на Фејсбук издвоивме еден коментар кој вели дека станува збор за: „Ангел на љубовта кој е пратен од Господ за на Македонија да и каже дека е Библиска земја и да не си играат бездушниците со неа“.