Без вода утре од 12:00 до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улиците „Вера Јоциќ“, „Ѓорѓи Димитров“ и дел од улица „Народни херои“, во Општина Кисела Вода.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, зафатот за отстранување дефект на улицата „Ѓорѓи Димитров“ број 11 во населбата Кисела Вода требало да се работи денеска, но поради поприоритетни дефекти, е одложен за утре.