Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Мајка и е од Скопје, а татко и од Кина: Таа е водителка и продуцент на најпопуларната емисија „Daily Planet”

$
0
0

Мајка и е од Скопје, а татко и од Хонг. Оваа млада жена направи меѓународна кариера во телевизиското новинарство.

Во полето на телевизиското новинарство Зија Тонг, порасната во Канада, направи кариера на меѓународната сцена, работејќи на разни наградени и познати ТВ-шоуа. Она што ја прави интересна за нас е дека зад ликот на оваа кинеска жена не се препознаваат корените во Македонија, но се факт. 

„Родена сум во Лондон и пораснав во Хонгконг. Моето семејство се пресели во Канада кога имав 11 години. Мајка ми е од Скопје, а татко ми од Хонгконг“, објаснува Тонг. Прашана кои се културните разлики меѓу кинеското и македонското потекло на родителите и кои се сличностите, таа многу интересно објаснува: „Луѓето од македонската страна на моето семејство се веселници, енергични и многу поврзани. Времето го поминуваме смеејќи се и пиејќи турско кафе заедно. Кинеската страна на моето семејство е на некој начин поофицијална. Мојот дедо беше голем патријарх, многу мудар и честопати зборуваше со поговорки, а јас го обожавав. Тоа е како да имате свој личен Конфучие. И двете страни од моето семејство се доста големи. Имам многу братучеди низ светот и сите сме во контакт“, вели Тонг. 

Во моментов Зија живее во Торонто и е актуелна како водителка и продуцент на најпопуларната емисија „Daily Planet” на „Discovery Channel”.Науката и технологијата оттогаш се силен дел од мојот поглед кон светот. Во смисла на емитувањето на научни емисии, мојата страст почна на 21-годишна возраст кога првпат ја посетив Африка. Пораснав гледајќи го Дејвид Атенборо и отсекогаш сонував да станам презентер на научни емисии, обожавам како е тој способен да инспирира и да ја дели стравопочитта кон природниот свет со ТВ-гледачите дома“, објаснува таа. Запрашана дали нејзината кариера ќе ја врати на некој начин во Македонија, таа вели: „Сигурна сум дека ќе се вратам во Македонија наскоро во посета, бидејќи голем дел од моето семејство се'уште живее таму. Мојата тетка, Лиле Корубин, исто така, работи во телевизијата и мојот чичко, Рубенс Корубин е професор и сликар. 

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>