Европскиот метеоаларм денес издаде жолто предупредување за силен ветер на територијата на цела Македонија. Предупредувањето започнува од ноќеска - точно на полноќ и трае се до крајот на денот.
Според информациите од УХМР, времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ветрот наместа ќе достигнува брзина од околу 80 км/час. Локално се уште ќе има услови за слаб дожд, а на планините снег.