Еден на коловозот, втор на тротоарот се наоѓаат двата автомобили кои учествувале во тешката сообраќајка која се случи вечерва на излез од Скопје, во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол“, кај Автокоманда, пренесе телеграф.
Во сообраќајката учествувале автомобили од марките „цитроен“ и „форд“, со скопски регистерски таблички.
Од силината на ударот кај „цитроенот“ е сплескан задниот дел, додека возилото „форд“ излетало од коловозот и завршило на тротоарот. Засега нема информации за повредени лица.
Поради судирот формирана е километарска колона. Сообраќајот не е во прекин, но се одвива забавено.