Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34776

7 работи кои треба да престанете да им ги правите на другите

$
0
0

Постои еден клучен фактор кој може да ги оштети врските и односите со другите луѓе или да ги подобри. Тој фактор е однесувањето. Доколку се обидувате да воспоставите позитивни односи со другите луѓе, продолжете да читате.

Ова се неколку работи кои треба да престанете да им ги правите на другите.

  • Престанете да држите бес  во себе – чувањето бес во себе за луѓето околу вас влијае на односите со нив и ја претвора нормалната комуникација и дружење во хаос на пасив агресив однесување.
  • Престанете да се жалите –понекогаш е добро да  се зборува со проблемите со друга личност, но постојаното жалење не води никаде. Тоа придонесува за постојано негативно размислување и стрес, но и недостаток на волја.  На крајот на краиштата, никој не е должен да го слуша вашето постојано жалење.
  • Престанете да се однесувате како да сте центар на светот –светот не се врти околу вас и колку побрзо го сфатите тоа, толку подобро е тоа за вас, но и за луѓето кои ги имате околу себе.
  • Престанете да лажете –на долг рок, вистината излегува на виделина. Треба да преземете одговорност за своите дела и да ја кажете вистината, колку и да е болна таа за другите луѓе.
  • Престанете да ги премолчувате работите –луѓето не можат да читаат умови. Затоа, комуницирајте регуларно и ефективно.
  • Престанете да ги обвинувате другите – во каква состојба и да сте, престанете да ги обвинувате другите луѓе за тоа. Кога го правите тоа, се тргате од одговорноста за својот живот и ги нервирате сите други околу вас.
  • Престанете да се сомневате постојано – ако мислите дека не можете да остварите нешто, можеби ова се лоши вести за вас, но најверојатно сте во право. Но, не дозволувајте тоа да влијае на вашите односи со другите луѓе. Ако се плашите да преземете некаков чекор за да направите промени во вашиот живот, не ги обесхрабрувајте и другите во своите напори за тоа.

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34776

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>