Во 21 часот и 30 минути синоќа се одвивала драма на падините на Средно Водно, каде 26-годишниот Ш.М.Ф. од Турција, управувајќи мотор „Кавасаки“ со скопски регистерски ознаки паднал и се задобил со тешки повреди.
Полицијата денеска информира дека со телесна повреда - отворена фрактура на десна потколеница истиот бил задржан на понатамошно лекување.