Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Големата тајна на Тесла: Еве како да се наспиете за само 2 часа

$
0
0

Сон од повеќе фази најчесто се врзуваа за едно од најгенијалните имиња во светот на уметноста и пронаоѓачот на ренесансата –Леонрдо да Винчи. Му требало многу време да ги развие своите идеи – време кое често го немал.

Со оглед дека сакал да искористи максимално време за работа, а минимум за спиење, морал да направи план на спиење за да неговото тело, а особено умот, можеле нормално да функционира. По тоа што малку спиел бил познат и Никола тесла.

Тој план подразбирал да го разбие нормалниот период од ноќниот одмор на неколку делови – односно на повеќе фази, што донело до тоа да спие неколку пати во текот на денот – така што Да Винчи спиел 15 минути на секој четири часа, односно само час и пол дневно. Времето кое го штедел на одморање го користел за креативна работа и тоа со години, а никогаш не почувствувал умор.

Познато е дека, физиолошки, најпродуктивно време за работа и креативност го следи периодот на сон. Тоа е времето кога умните и работните капацитети на една личност се на максимум. Кога будната состојба се прекинува на секој четири часа со краток период на сон, доаѓа до зголемување на капацитетот за работа, што е директна последица на опишаниот одмор.

Примерот на Да Винчи го следеле бројни големи умови на светот, кој со години вежбале и експериментирале со спиењето, а еден од тие умови е и Никола Тесла. Денес постојат неколку варијации на повеќе фазно спиење:

-ноќе 2 часа и еднаш попладне 20 минути – методата на Тесла

-30 минути на секој 6 час

-20 минути на секој 4 часа

-ноќе 1,5 – 3 часа и тогаш три пати во текот на денот по 20 минути

-ноќе 5 часа и 1,5 часа попладне – сиеста метода.

Сепак, треба да се има на ум дека сечиј организам е различен, како и дека ист тип или дури различни методи на повеќефазно спиење не се за секој. Експертите предупредуваат дека доколку планирате да преминете на вакво одмор – спиење распоред, не треба да возите автомобил и не носите важни одлуки додека не биде апсолутно сигурни дека недостаток на сон нема некакви негативни ефекти на функционирање на вашиот организам.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>