Конечно, Македонците без ЕУ ПАСОШ можат лесно да најдат работа во Норвешка, Шведска и Германија. Сите огласи за вработување ќе можат да ги најдат на едно единствено место.
За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат стриктно со работодавецот. Во оваа скандинавска земја не постојат иселенички визи. Тоа значи дека доволно е само еден член од семејството да најде работа и потоа може да ги повлече и останатите членови. Голем е бројот на Македонци што успеаја да заминат во Шведска на привремена или постојана работа. Голем дел од овие работници своите работни места ги пронајдоа на веб страницата https://ec.europa.eu/eures/page/index.
На оваа веб страница се наоѓаат и огласи за во останатите земји од Европската Унија, како што се Германија, Словенија и слично.
Речиси е идентично да се замине и во Норвешка. Разликата во системите на Шведска и Норвешка е само нијанса, а она што ја прави оваа земја попривлечна е платениот 30 дневен одмор и скратеното дневно работно време кое изнесува 7,5 часа.
Во овие две земји дефицитарни се голем број на професии за кои многумина Македонци се спремни да ги работат. Како такви, се вбројуваат: стоматолози, сметководители, кувари, пекари, молери, градежни техничари и инженери, електроинженери, ИТ сектор, медицински сестри и лекари.
И оние кои сакаат да работат во Германија можат многу лесно да пронајдат вработување и тоа само со македонски пасош. Тоа може да се направи преку аплицирање на некој од огласите на веб страната http://jobboerse.arbeitsagentur.de/. И во Германија, исто како и во Шведска и Норвешка, тие се професиите кои се најдефицитарни, само што во Германија се бараат и лица за негување на постарите, водоинсталатери, електричари и електроничари.
Па, сакате да работите во странство? Не чекајте! Барајте работа!