Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Кинески "Али експрес"ќарил десетици милиони евра од македонските граѓани

$
0
0

Речиси 85 милиони евра потрошиле лани македонските граѓани и фирми за набавки преку интернет. Поголемиот дел од овие пари се одлеале во странство, иако според статистиката што ја води Народна банка на Република Македонија во нашата држава на крајот на минатата година биле регистрирани 711 интернет продажни места.

- Македонците потрошиле речиси 85 милиони евра за купување онлајн, од кои најголем дел, 72,8 проценти за купувања од странски трговци или 61,9 милиони евра, наспроти 25 милиони евра остварени кон домашните трговци. Два милиона евра или осум отсто од вредноста на трансакциите остварени кон домашни е-трговци се направени од странски картички, информира Нина Ангеловска, основач на сервисот за групно купување, Гроупер, за Вечер.

Инаку, според Државниот завод за статистика најголем дел од нарачките на македонските граѓани и фирми, или 58,6 проценти од вкупните направени се од други земји во светот, најверојатно од кинеските сајтови кои нудат производи со ниски цени, како на пример популарниот Али Експрес. Од домашните трговци се 40,8 отсто од нарачките, а од европските онлајн продавници само 20,7 проценти.

- Речиси половина од населението во светот веќе има пристап до интернет, додека во Македонија стапката на интернет пенетрација изнесува 75,3 отсто. Покрај пристапување од десктоп, дури 81 процент од интернет корисниците пристапуваат до интернет од смарт телефон, а најчестата активност на интернет корисниците е учество во социјалните медиуми. Од вкупниот број на корисници со пристап до интернет, 19,3 отсто нарачале или купиле производи, односно услуги од интернет во 2016 година. Корисниците најчесто правеле нарачки за купување на облека и спортска опрема, а потоа на второ и трето место се електронска опрема и производи за дома, вели Ангеловска.

Податоците на НБРМ покажуваат дека гледано како број на направени трансакции, 56 отсто се кон странски е-трговци, наспроти 44 отсто кон домашните, што, како што вели Ангеловска, упатува на фактот дека просечната вредност на трансакцијата кон странските трговци е поголема од онаа кај домашните.

За одливот на девизи преку онлајн продавници "виновни# се граѓаните. Компаниите, пак, повеќе пазареле од домашните интернет продавници. Но, сепак, нивното учество во вкупно реализираните еклектронски купувања и трошоци е мало, зашто тие поседуваат само 1,5 проценти од вкупниот број издадени платежни картички, без кои шопингот на интернет е невозможен.

И покрај тоа штос е преферираат странските, и домашните онлајн трговци секоја година регистрираат раст на вредноста на трансакциите, но процентот е опаѓачки. Така, во 2014 година имало вистински бум во прометот, кој во однос на претходната година била поголема за над 350 проценти. Следната 2015 година растот изнесувал 61, а лани скромни 36 проценти.

Извор: вечер.мк

 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34726

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>