Во тек е последната недела на Велигденскиот пост, но и неделата на големите денови кога се бојат и украсуваат Велигденските јајца. Креативните жени секогаш се обидуваат да најдат нови начини за украсување на своите јајца.
Ова се најдобрите идеи за тоа.
Свила
Прво, побарајте низ својата облека за стари свилени парчиња. Најважно е да ги најдете оние кои се шарени, со интересни шари и дезени, но кои се 100% свила. Штом ги пронајдете, замотајте ги јајцата така што лицето на материјалот односно шарата да биде кон јајцето. Врзете го овој материјал околу јајцето, а потоа обвиткајте го во обична бела ткаенина која исто така ќе ја заврзете околу јајцето. Потоа, спуштете ги во тенџе со вода и ¼ оцет. Во тоа варете ги јајцата некои 20 минути додека во потполност нема да се сварат. Штом завршите со варењето, извадете ги на подлога и оставете ги да се оладат, а потоа одмотајте ги. Ве чека вистинско изненадување.
Чипка
Слично на претходното, оваа техника создава украсени елегантни јајца кои претходно не сте ги практикувале. Потребна ви е чипка, а најдобро е лента од овој материјал која е клучен дел од оваа техника на фарбање. Замотајте го јајцето во неа, а потоа составете ги краевите и врзете ги со конец или ластиче. Сварете ги претходно, а потоа така врзете ги со чипка, за да на крајот го спуштите јајцето во бојата. Во моментот кога варењето ќе биде готово, извадете ги јајцата, почекајте малку да се оладат, а потоа извадете ја чипката.
Ве очекува една од најубавите шари кои сте ги виделе.
Салфетки
Ова е техника која во последно време многу често се користи за украсување јајца, но која дава најдобри резултати зависност од внимателно избраните салфетки. Со оглед на тоа дека станува збор за јајца кои се јадат, не треба да користите лепак, туку да ја залепите салфетката на јацето со помош на изматена белка.
Земете салфетки, исечете ги нивните најубави делови, некои цветови и шари, но така што ќе го земете само првиот слој од салфетката. Ставете го тоа на јајцето, а потоа внимателно со четка нанесете од белката која ќе овозможи лепење на шарите на јајцето. Вака ќе добиете преубаво украсени јајца.