Корисниците од улиците „Хо Ши Мин“, „Рудо“, „Натаниел Кучевишки“, „Краишка“, „Марко Крале“, „Габница“, „Приштинска“, „Лапушник“ и „Зуфер Мусиќ“ во општина Бутел утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење
.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е промена на затворач на водоводна мрежа на крстосницата од улиците „Хо Ши Мин“ и „Рудо“.
Корисниците ќе бидат без вода се додека екипата на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје не заврши со интервенцијата.
Дел од корисниците од улиците „Никола Вукмировиќ“ и „Борис Сарафов“ во општина Ѓорче Петров утре од 9 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради технички зафати во електромрежата.