Стотици поканети гости (60% од нив прв пат ги гледаме), луксузни автомобили, цело богатство за подароци... Сите за венчавки трошиме повеќе отколку што имаме; токму затоа важи онаа поговорка дека најраскошната венчавка ја прават сиромавите.
Направено е истражување кое анализира зошто толку трошиме. Колку чини една свадба? Ако не сте направиле свадба не можете ни отприлика да погодите. Бидејќи, со колку и да е нули, овие износи се повеќе од оние кои некогаш сме биле спремни да ги потрошиме. Во Македонија пресметале дека просечната цена на "големиот ден"во последните триесет години двојно се зголемила.
"Во минатото венчавките беа тивки и дискретни прослави. Денес моминските и момачките забави се протегаат низ целата недела, па не е тешко да замислите каква е венчавката. А луѓето навистина полудеа. Едни клиенти нарачаа нивниот двор да го претворам во Венеција""Често работам за младоженците кои не штедат да потрошат многу пари за нивниот голем ден. Но, никој не може да се спореди со Русите и еден тамошен богаташ кој за венчавката на свojata ќерка, потроши повеќе од 10 милиони фунти." Се е до стравот. Ова трошење наводно има и психолошка позадина. Барем така тврди еден психолог.
-Последните истражувања се темелат на претпоставката дека скапата венчавка им дава на паровите чувство дека иднината ќе биде посигурна. Истражувањето спроведено на 572 парови покажува дека тие имаат недоумици поврзани за иднината: дали го избрале вистинскиот партнер, дали воопшто треба да се венчаат и како ќе изгледа нивниот живот во иднина. Но, кога ги импресионирате гостите со скапи венчавки, тие стравови се потиснати", објаснуваат психолозите. Со други зборови, колку е поголемо неспокојството поради иднината, толку е поголема шансата венчавката да биде скапа. "Минатиот век венчавките беа скромни, но многу жени се мажеле поради парите. Денес е обратно: се трошат огромни суми на пари за венчавки, а никој не сака да признае дека се венчал од материјални причини", велат тие.