Денеска речиси целиот град е блокиран.Одлгите колони предизвикуват нервоза кај возачите, кои не можат од работните места да стигнат до своите домови.
Попладнево сите булевари во Скопје се полни со возила, а полицијата го регулира сообраќајот. Блокирани се булеварите кај „Рамстор“, кај поранешна „Нова Македонија“ , „Огњан Прица“ во Кисела Вода делот од улица 11 октомври и улица Димитрије Чуповски во двата правци на движење и тоа од крстосницата со улиците Даме Груев и Васил Главинов кај ТЦ Палома Бјанка до крстосницата со булеварот Кочо Рацин кај Зеленото пазарче, а сообраќај не се одвива ниту по улицата Филип Втори Македонски од кај Паркот „Жена борец“ до Хотелото Холидеј Ин.
ЦУКС апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат својата брзина на движење на условите на патот особено ако се приближуваат кон овој потег или да изберат алтернативни правци на движење.
Фото: Ѕид на сообраќајниот срам