Во детството, нашите родители нѐ тераа да простуваме постојано. Кога некое дете ќе ја земеше нашата омилена играчка, тоа беше присилено да се извини, а ние да простиме за тоа.
Но, во тоа време простувањето не ни значеше ништо, бидејќи не ја држевме лутината долго во себе. Денес, често очекуваме извинување од другата страна, но тоа понекогаш е залудно.
Ја знаеме важноста на простувањето и извинувањето, а ова се главните причини зошто треба да им простуваме на луѓето.
Простувањето ни помага да продолжиме понатаму
Да простиме некому значи да се ослободиме од замерките, презирот и незадоволството. Тоа значи дека ослободување од болката која ја чуваме во себе. На тој начин, се ослободуваме и од негативните мисли и случувања поврзани со личноста, наместо да се фокусираме на попријатните и позитивни нешта кои можат да нѐ направат среќни.
Личноста на која и е најпотребно простувањето сте вие самите
Тоа е поентата. Мислиме дека и простуваме на другата личност, дека на неа и правиме услуга. Но, вистината е дека на сите нас ни треба простување. Но, кога простуваме, личноста која се ослободува од најголемиот товар сме ние самите. Мораме да простиме, да се опуштиме и да престанеме да живееме во минатото.
Да простиме значи да се опуштиме
Штом ќе простиме, дури тогаш ќе се ослободиме од минатото и настаните кои предизвикале бес од нас и конечно ќе се опуштиме и посветиме на иднината. На тој начин, ги отвораме и ослободуваме нашите чувства и оставаме простор за нови личности.