Попладнево кај скопското село Батинци се случила тешка сообраќајна несреќа. Во незгодата дошло до директен судир меѓу комбе и камион, а како што може да се види на фотографијата, комбето од неговата предна страна е тотално уништено.
Според првичните информации, камионот претекнувал, па така дошло до судирот. За сега нема информации за повредени лица, пренесува Република.