ЗАПОМНЕТЕ!
Поминете што е можно повеќе време со вашите сакани, затоа што тие нема вечно да бидат со вас. Упатете по некој убав збор на оној кој ве гледа со стравопочит, затоа што таа мала личност наскоро ќе порасне и ќе си отиде.
Сетете се дадете топла прегратка на оние крај вас, затоа што тоа е едно богатство коешто можете да го дадете со цело срце, а не чини ништо.
Сетете се да кажете „Те сакам“ на вашиот партнер и вашите сакани, но највеќе од се – искрено мислете го тоа.
Бакнежот и прегратката ќе ја излечат секоја рана ако доаѓаат длабоко од срцето. Сетете се да се држите за раце и да ги цените моментите кога сте заедно, затоа што еден ден таа личност нема да биде тука.
Најдете време да сакате, најдете време да разговарате и најдете време да ги поделите вашите драгоени мисли со другите.
Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не изгубите здив. Солзите се случуваат. Издржете, поминете низ болката, преживејте. Кажете им на луѓето кои ги сакате дека ги сакате, и тоа во секоја можна прилика, затоа што животот не се мери според тоа колку пати ќе вдишеме, туку според моментите кои ќе ни го одземат здивот.