Прагма продукција ги демантира лажната информација за откажување на концертот на виолинистката Ванеса Меј кои денес беа пренесени преку лажен фејсбук профил.
Поради лажните информации кои се појавија на социјалните мрежи од лажна фејсбук страница под имеto Pragma music entertainment, ја демантираме лажната информација за откажување на концертот на виолинистката Ванеса Меј, се вели во соопштението од Прагма Продукција.
Продукцијата информира дека се'е подготвено за големиот спектакл. Концертот се одржува во закажаниот термин, односно вечерва, во Вип Арена Борис Трајковски, со почеток во 20ч.