Алберт Ајнштајн рекол: „Образованието не е учење на факти, туку тренирање на мозокот да размислува.“
Алберт Ајнштајн го поминал животот патувајќи помеѓу свесноста и материјата. Тој тврдел дека човекот страда од оптичката измама на свесноста, додека тој се искусувал себеси, неговите мисла и чувства како нешто што е одделено од останото. Неговиот лек? „Најубавата работа што можеме да ја искусиме е мистериозноста. Таа е избор на сета вистинска уметност и наука. Оној кому ова чувство е непознато, кој повеќе не може да застане и да се воодушевува, исто како да е мртов. Неговите очи се затворени.
Човекот е дел од целината наречена универзум, дел ограничен од време и простор. Тој се искусува себеси, неговите мисли и чувства како нешто одделен од останатото, еден вид на оптичка илузија на свеста. Оваа илузија е еден вид на затвор за нас, ограничувајќи не на нашите сопствени желби и желбите на оние кои ни се најблиски. Нашата задача мора да биде да се ослободиме себеси од овој затвор со тоа што ќе го прошириме нашиот круг на сочувство за да ги прегрнеме сите живи суштества и целата природа и нејзината убавина.“
„Вистинската вредност на човекот првично е определена од мерката и чувството со кое тој се ослободил од себеси.“
10 лекции од Алберт Ајнштајн
1 . Следете ја сопствената љубопитност
„Јас немам посебен талент. Јас сум само страствено љубопитен.“
2. Истрајноста е бесценета
„Не е дека сум толку паметен, туку останувам подолго со проблемите.“
3. Фокусирајте на сегашноста
„Мажот кој може да вози безбедно додека бакнува убава девојка едноставно не го дава должното внимание на бакнежот.“
4. Фантазијата е моќна
„Фантазијата е се. Таа е преглед на привлечностите на животот. Фантазијата е поважна од знаењето.“
5. Правете грешки
„Човек кој никогаш не направил грешка, никогаш не се обидел да направи нешто ново.“
6. Живеј во моментот
Никогаш не мислам на иднината, секако ќе дојде наскоро.“
7. Создадете вредности
„Не се стремете да бидете успех, туку да бидете од корист.“
8. Не се повторувајте
„Лудост: Да ја правиш истата работа одново и одново и да очекуваш поинакви резултати.“
9. Знаењето доаѓа од искуството
„Информацијата не е знаење. Единствениот извор на знаењето е искуството.“
10. Научете ги правилата, а потоа играјте подобро.
„Прво морате да ги научите правилата на играта. А потоа морате да играте подобро од другите.“
Никогаш не се откажувајте од тоа што сакате да го правите. Личноста со големи соништа е помоќна од личноста со сите факти!