Силно невреме го зафати Скопје вчеравечер. Пороен дожд, силни грмотевици и секако поплавени улици. Центарот беше под вода. По улиците се слеваат реки вода, а ништо подобра не е ситуацијата ниту во другите скопски населби.
Удари на гром во некои делови од главниот град ја прекинаа електричната енергија, а невремето го зголемува интензитетот.
Засега нема информации за поголеми штети од поплави што ги предизвикал вчерашниот пороен дожд.
Метеоролозите најавуваат дека и наредните денови ќе има дожд, засилен ветер и електични празнења.
Фото: Република