Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

На полна месечина скопјани на прошетка до Милениумскиот крст

$
0
0

Вечерна прошетка на полна месечина и собирање отпадоци од патеките на Водно се предвидени на  рекреативниот настан „Осветли го Скопје“, кој ќе биде в петок на 9 јуни во организација на фитнес-студиото „Мој тренер“ и во соработка со здружението на граѓани „Макфолк“.

Овој настан е дел од кампањата „Мрдни со прст“. Организаторите информираат дека зборно место за старт на адреналинската тура е кај основното училиште „Kочо Рацин“ во 19.45 часот.

- Оваа вечерна авантура, каде што сите се со светилка в рака, нуди многу незаборавно искуство, забава и дружење. Целта е преку рекреација, дружење и забава да се грижиме за природата. „Осветли го Скопје“ оваа година прв пат се организира на едно повисоко ниво со голема техничка поддршка од Град Скопје, голема логистичка поддршка од „Мрдни со прст“ и голем број спонзори, но и прв пат годинава вклучуваме пакет со ваучери со многу изненадувања - најави Даниел Трбогазов од фитнес-студиото „Мој тренер“.

Патеката по која ќе се пешачи организирано е долга приближно пет километри, а до целта се стигнува за еден и пол до два часа. Во зависност од физичката подготвеност на учесниците ќе се тргнува во временски интервали од по 15 минути, а на стартната позиција турата ќе се вратиме околу полноќ.

Kако општествено одговорна активност учесниците ќе го собираат отпадот на кој ќе наидат на планината за што организаторот ќе им обезбеди соодветни материјали и кеси.

Организаторите повикуваат, доколку има заинтересирани што сакаат да тргнат од Средно Водно, да бидат кај фонтаната во 20.15 часот. На врвот учесниците ќе имаат можност да уживаат со музичка програма, а за симнување може беспатно да се користи жичницата.

Секој учесник во турата ќе добие маица „Осветли го Скопје“, подароци и ваучери.

Подигнувањето на пакетите ќе биде секој работен ден на локации кои дополнително ќе бидат објавени, и тоа во населбите Аеродром, Kисела Вода, Kарпош 1 и Центар. Цената за учество зависи од денот на уплата.

Учесниците треба да имаат задолжителна опрема: соодветни чевли за пешачење, фенерче, резервна маица, до литар и пол вода, овошје и храна по избор, ранец, фотоапарат и пари за чај. Ако се пријави некој со послаби кондициони способности, му се препорачува да се искачи само до Средно Водно. Ќе бидат присутни екипи на Црвениот крст и Службата за брза помош, но организаторите напомнуваат дека секој ќе учествува на своја одговорност.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>