Македонската женска сениорска репрезентација во сабота (20:30 часот) во СРЦ „Кале” ќе го одигра првиот натпревар од бараж-двомечот за пласман на СП 2017 против силната Шведска.
„Влезот за натпреварот е слободен, па се очекува максимална поддршка од трибините за нашите репрезентативки за овој важен натпревар. Реваншот ќе се одигра во Шведска на 13 јуни“, се вели во соопштението на РФМ.
Македонската женска сениорска репрезентација до пласман во баражот стигна со успешниот настап на квалификацискиот турнир на Фарски Острови, на кој покрај Македонија и домаќинот, настапија уште Исланд и Австрија.