Вардар испиша нова ракометна историја. Речиси сите очекуваа финале меѓу дрим тимот од Париз и најтрофејниот клуб во историјата на ракометот Барселона, но сјајните момци од Македонија направија сензација во драматичната завршница прво во полуфиналето, кога голот на Лука Циндриќ ги сруши Каталонците, за да во финалето Иван Чупиќ со гол во последната секунда го порази ПСЖ со браќата Карабатиќ, Хансен..., пишува Индекс.хр.
Неверојатниот успех посебно не радува пишува порталот, зошто меѓу македонските момци се и хрватските репрезентативци Игор Карачиќ, Иван Чупиќ и Лука Циндриќ.
Лино Червар, поранешен тренер на Металург и човек кој го откри Циндриќ, за Вардар вели „тоа е европски клуб, а Металург е исклучиво македонски проект“.
Червар за Индекс.хр открива во што е тајната на успехот на македонскиот клубски ракомет.
-Вардар направи страшна работа, иако Барселона е во благ пад сепак голема работа е да се исфрлат такви момци. Тоа што е го направија во финалето е чудо. Овој успех е и мој бидејќи јас ги открив Циндриќ, Борозан и Мерсениќ. Меѓутоа сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко вложи многу пари во клубот и ние во таа пазарна трка со него немавме никакви изгледи, вели Червар кој додава: „Во Хрватска си играме мајтап со Македонија, но луѓето имаат подобри услови од ПСЖ“.
Русинот, вели Червар, вложува веќе неколку години и постави систем на вистински начин, и ова што се случи во Келн е резултат на паметно вложување.
-Луѓето вложуваат и можат да ни бидат само пример, а нивниот начин на работа школа. Сигурно нема да кажете дека она на што игра Динамо е сериозен стадион? Едиснтвено Пула има коректен стадион. Ако ни е таква состојбата во овој популарен спорт што можеме да очекуваме? Тажно е тоа. Знаете ли каде ќе ја играат утакмицата на Европскиот суперкуп Реал и Манчестер Јунајтед во август? Во Скопје каде има далеку најмодерен стадион на Балканаот. Главно ние им се смееме што се они за нас политички нестабилна земја, заклучува Червар.