Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Во летниот период да внимаваат луѓето со срцевите болести- најчеста причина за смрт во Македонија

$
0
0

Поради најавувањето на високи летни температури, лекарите апелираат до сите луѓе, а особено до оние кои се со кардиоваскуларните заболувања, да се заштитата на секој можен начин, за да не дојде до одредени проблеми и потешкотии.

Повеќе од половина од смртните исходи во земјава се последица на кардиоваскуларни заболувања. Надлежните апелираат да се подигне свеста за здрав живот, кој значи превенција од срцевите заболувања и обезбедува поквалитетно живеење.

Докторите препорачуваат особено да се внимава на ризик факторите за да се намали шансата за комликации од кардиоваскуларни заболувања.

Фактори на ризик се: високиот крвен притисок, околу 12,8% од случаите кои боледуваат од оваа болест се изложени на овој ризик. Потоа, пушењето цигари е со 12,3%, алкохолот со 10,1%, зголемувањето на холестеролот на крвта со 8,7%, здебелувањето игра важна улога со околу 7%, потоа тука е и генетската предиспозиција, како и недоволната физичка активност. 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34746

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>