Законот за заштита и благосостојба на животните им налага на сопствениците да дејствуваат на хуман и грижлив начин со животните. Основнто правило за сопствениците е дека не смеат да ги напуштат своите миленици.
Доколку некое правило не биде почитувано за сопственикот следуваат парични казни. Еве ги глобите за плаќање:
Износ од 10 до 15 евра за физички и 100 евра за правни лица (во денарска противвредност) на:
-Лица кои не го пријавиле своето куче кај ветеринар или клиника најмалку еднаш годишно .
-Лица кои не истакнале табла со опомена дека во дворот има куче.
-Лица кои не го пријавиле леглото во овластена амбуланта или клиника .
-Доколку одгледувачниците не водат евиденција за милениците и истите не се чуваат три години.
Изнс од 50 до 75 евра за физичко и 500 евра за правно лице (во денарска противвредност) на:
-Лица кои не се грижат хумано со животното.
-Лица кои го напуштаат животното.
-Лица кои поттикнуваат агресивност на животното кон други животни.
-Лица кои ги осакатуваат и вршат хируршки зафати поради естетски и други причини.
Лица кои се обложуваат во борба на животни.
Износ од 150 до 225 евра за физичко и 1.500 евра за правно лице (во денарска противвредност) на:
-Лица кои при хируршки интервенции предизвикуваат страдање и болка кај животното .
-Лице кое врши девокализација, осакатување и обеззабување .
Износ од 600 до 900 евра за физичко и 6.000 евра за правно лице (во денарска противвредност) на:
-Лице кое предизвикува болка, патење, повреди, суровост и ги убива животните .
-Лице кое е вклучено во организирање, рекламирање и обложување на борби со животни.