Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 35004

Научете да се победувате самите себе!

$
0
0

 

Велат дека нашиот ум може да биде нашиот најдобар пријател, но и најголем непријател. Со цел да го остварите првото, наместо второто, пробајте ја оваа теорија која ќе ви донесе успех. Организираноста е основа на секој труд, а мирот и амбицијата се нешто без коешто не може да се постигнат големи цел. Прочитајте повеќе за оваа теорија на Колин Стовер.

Поставете си три животни цели

Поставете си три големи цели кои сакате да ги исполните во текот на животот. Нешто коешто ви изгледа единствено и вечно. Тешко дека ќе бидете добри и успешни во поставувањето на краткорочни замисли, доколку претходно не сте ги поставиле основите за некои крупни цели и планови. Тоа може да биде слично на ова:

  • Сакам да бидам среќен и да имам умствена и емоционална способност да споделувам среќа со другите
  • Сакам да имам доволно пари за моите деца и внуци да имаат бескрајни можности во животот
  • Сакам да можам да го работам само она што го сакам.

Поставете си три десетгодишни цели

Поставете си три цели кои имате намера да ги исполните во наредните 10 години. Ова можат да бидат и големи идеи, но треба да бидат поопипливи и поконкретни. На пример:  До 2026 година планирам да имам своја куќа и да основам семејство. Овиее цели ќе ве водат кон вашата иднина.

Поставете си три годишни цели

Ова е првиот чекор кон поставувањето на децениските целови. Нека биде тоа нешто како: Планирам да заштедам X пари до крајот на годината. Ова е добра и прилагодлива тактика затоа што секоја година можете да ја зголемувате сумата, додека тоа полека не почне да се приближува кон вашиот десетгодишен план.

Поставете си три месечни цели

Откако ќе ги поставите годишни цели, следен чекор е да си ги поставите целите за наредниот месец. Ова можете да го направите на два начина или и на двата начини истовремено. Можете да поставите три цели кои ќе важат и за секој нареден месец и кои ќе ги исполнувате секој месец или пак, можете секој месец да поставувате три нови цели кои ќе важат за тој конкретен месец.

Негативната страна на втората идеја е што понекогаш можете да поставите многу добри цели за еден месец и потоа наредниот месец потполно да ги заборавите и да ги замените со нешто ново. Можеби е добра идеја да ги комбинирате и двата методи.

Поставете си три неделни и три дневни цели

Би било убаво секој понеделник наутро да си поставувате три нови цели за секоја недела кои ќе ви донесат некаков успех. Дневни цели се многу важни. Тоа се работи кои наутро ги запишувате на едно ливче, а во текот на денот ги прецртувате и на тој начин чувствувате задоволство и добивате полет за далечните патишта кон успехот.

Да заклучиме, многу е важно во текот на неделата да имате повеќе моменти на среќа и задоволство, а помалку стрес, а за да се случи тоа, потребна ви е организираност и распоред кои ќе ви донесат мир.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 35004

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>