Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Зошто имаме линии на дланките?

$
0
0

Често се зборува за тоа што значат линиите на дланките. Многумина за забава се обидуваат да си ја предвидат иднината преку читање од дланките. Но, дали некогаш сте се запрашале зошто воопшто ги имаме и што би се случило кога би ги немале?

Рацете и дланките се делови од телото кои највеќе ги користиме, а за да се прилагодиме на сите работи кои ги правиме со рацете, како што е пишување на тастатура, пишување, кревање, јадење, итн., тие мораат постојано да го менуваат својот облик. Попрецизно, кожата која ги прекрива мора да се прилагоди на комплексните положби.

Тука на сцена стапуваат линиите на дланките. Имено, тие линии кои се нарекуваат и набори и бразди, и помагаат на кожата да се рашири и повторно да се собере, во зависност од тоа што правиме со рацете. Тие ја делат дланката на „делови за собирање“ и и помагаат на кожата да се собере преку дланката кога ќе го промениме нејзиниот облик, на пример кога ќе ја стегнеме раката или кога ги стиснуваме шаките. Со други зборови, кога не би ги имале тие линии, кожата ви ни висела од дланките.

Внимателно погледнете си ги дланките и ќе видите дека секоја линија се наоѓа на местото каде што се прекршува дланката. Истото важи и за линиите на дланките, колената, зголобовите, итн. Линиите настануваат уште додека сме во стомакот, околу 12-тата недела од зачнувањето. Дебелината и бројот на линии на дланките зависи од факторите како што се расата и генетиката.

Повеќето луѓе имаат три главни линии на дланките, а некои имаат само една, а тоа може да води кон абнормален развој на бебето во утробата, односно Даунов синдром, фетален алкохолен синдром или други генетски модификации. Меѓутоа, лекарите предвид земаат и други фактори пред да воспостават дијагноза.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34736

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>