Расправиите се сосема нормална појава во меѓучовечките односи, особено меѓу мажите и жените кога се во врска. Додека траат овие препирки, најчесто се кажуваат најразличи фрази и изрази кои и двајцата ги изговараат. Овој пат се фокусираме на женските фрази.
Жените знаат да ги излудат мажите и со постапките, но и со своите зборови. Голем број од женските фрази можат да ги излудат мажите и тие често се повод за жолчни расправии во врската или бракот. Кои реченици им одат на нерви? Ова е право време да го дознаете тоа и во иднината да ги избегнувате истите за да избегнете непотребни расправии.
Ова се фразите кои мажите не можат да поднесат:
- Мораме да зборуваме. Имам нешто да ти кажам, нешто за коешто размислувам веќе со денови.
- Можеби сум го фрлила тоа, едноставно не се сеќавам.
- Тоа не е моја ерогена зона.
- Можеби би ја разбрала твојата работа, кога би одвоил време да ми објасниш како што треба.
- Едноставно признај дека твојата мајка и сестра не ме сакаат.
- Зошто ти е непријатно во друштвото на моите другарки? Не е дека ти се пуштаат.
- Не е дека сакам да живеам со тебе и да се венчаме, но ако тоа се случи, ѕидот ќе го префарбаме во друга боја.
- Со колку жени си бил досега?
- Многу е згоден новиот сосед!
- Што ти е гајле на што ги трошам моите пари? И онака работите на коишто ти ја трошиш платата се смешни за мене.
- Со која од моите пријателки би спиел?
- Ти си вистински мамин син.
- Мојот бивш никогаш не се однесуваше така кон мене.