Дипломатски брифинг на кој ќе бидат презентирани активностите и плановите на Регионалната иницијатива за азил, бегалци и миграција ќе биде одржан денес во Министерството за надворешни работи.
Главната тема на денешниот брифинг ќе бидат реализираните проекти, но и претставување на стратегиите за справување со предизвиците во сферата на миграциите. Според МВР, на собирот ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор во земјава, голем број меѓународни организации кои делуваат во Македонија, како и претставници од институции кои се засегнати со ова прашање.
На брифингот се очекува обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката Тамара Мугоша, која е директор на Регионалниот Центар МАРРИ.