Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34946

Порта Македонија прекриена со бели платна

$
0
0

Денес поратата Македонија беше прекриена со бели платна, слични на оние кои можеа да се забележат кога портата беше во изградба. Не е сигурно дали се работи за платно кое има за цел да ја заштити портата од нови оштетувања или истата ќе се реновира. 

Протестите на опозицијата кои се одржуваат секој ден во 18 часот во неколку наврати кулминираа токму пред портата Македонија. Последниот пат со боја беше офарбана и задната страна на портата која гледа кон плоштадот Македонија, така што сега таа е исшарана од сите страни. Платната ги прекриваат натписите кои демонстрантите ги испишаа на неа, и флеките од боја кои беа видливи на сите страни.
Во секој случај, обнова на фасадата во овој момент не е баш најпаметна идеја со оглед на тоа што протестите продолжуваат, па така и денес е закажан протест во 18 часот пред канцеларијата на СЈО. По се изгледа дека платната нема да ги спречат револтираните граѓани повторно да фрлаат боја и да ја оштетат. 


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34946

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>