Во недела, 22 мај, со почеток од 14 часот ќе биде отворена изложба која е дел од циклусот на работилници “Во светот на пештерите”.
Циклусот работилници “Во светот на пештерите” е организиран од страна на Истражувачкото друштво „Урсус Спелеос“ со голема поддршка на Зоолошката градина Скопје.
Изложбата е последниот чекор од циклусот каде што ќе можем да се видат делата на учесниците од ликовната работилница и од работилницата со глина на која се изработуваа или цртаа пештери и лилјаци.
Настанот ќе се одвива во просториите на Едукативниот центар 2 во Зоолошката градина Скопје.