Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34686

Фото: Првоаприлски сообраќајни казни за несовесните Скопјани

$
0
0

Казна за сообраќаен прекршок која што вклучува понуда за сервис беше кампањата која што Кадис ја реализираше на денот на шегата - 1. Април.

Во теков на вчерашниот ден возилата кои што не беа соодветно паркирани беа "казнети"со интересна и несекојдневна казна - сервис за возилото за само 1990 денари.

Во текот на целиот ден не стивнуваат реакциите и коментарите на социјалните мрежи.

"Навистина интересна реклама. Прво ме стегна срцето, а потоа кога сфатив за што станува збор ми стана многу полесно" - напиша Драган Угриновски на ФБ.

Тања Б. од Скопје објави фотографија на која што прокоментира дека прв пат во животот добила казна, но поминала неказнето.

На ФБ страната Ѕид на сообраќајниот срам, скопјани во текот на целиот ден споделуваат фотографии од кампањата со коментари дека компанијата заслужува пофалба за идејата. Вистинско изненадување за Денот на шегата, додаваат тие.

Oд My Marketing, маркетинг агенцијата која што стои позади идејата велат дека успеале вчерашната симболика на празникот да ја искористат до максмимум за да организираат една успешна ваква герила кампања.

Навистина. Секоја чест и за нив и за Кадис.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34686

Trending Articles