Quantcast
Channel: skopjeinfo.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Здрава диета: Симнете 3 кг за две недели

$
0
0

Пролетта е вистинска сезона за започнување на диета. Сонцето ни го подигнува расположението, пазарите почнуваат да се полнат со најразлично овошје и зеленчук,  а желбата да изгледаме убаво во костим за капење сега станува поголема. Се тоа е одлична мотивација за лесно да изгубиме неколку килограми.

Губење на килограмите не смее да се одвива со гладување, туку со умерено и избалансирано мени. Само на тој начин може да останеме во добро расположение во текот на диетата, да не му наштетиме на здравјето, да не се чувствуваме уморни и безволни, а слабеењето да не ни преставува товар туку задоволство.

Ви предлагаме ниско-калорично мени од 1.400 калории на ден со кое многу брзо и лесно ќе се ослободите од неколку килограми повеќе на вашето тело.

Диетата трае две недели, а по завршувањето може да ја повторувате по потреба, со или без паузи.

Појадоците и меѓуоброците се повторуваат секој ден во текот на целата диета.

Појадок – 1 чаша овошен сок без шеќер + чај или кафе + две тенки лепчиња со нискокалоричен мармалад или мед.

Меѓуоброк (утрински) -1 немасен јогурт или фрапе од немрсно млеко и половина банана.

Меѓуоброк – (попладне) – Овошна салата од сезонско овошје со бадеми и лешници.

Понеделник

Ручек

70 грама ориз со артичоки + 50 грама свежо крајво сирење + зелена салата со моркови

Вечера

150 грама риба (по можност подготвена на скара или на пареа) + динстан грашок + 1 интегрална земичка

Вторник

Ручек

Чинија зелена салата со моркови + 100 грама домати + 1 интегрална земичка + овошна салата.

Вечера

Супа од зеленчук + 120 грама пилешко печено на скара + 1 интегрална земичка

Среда

Ручек

Салата од 2 домата и 100 грама моцарела + 1 интегрална земичка

Вечера

1 чинија ориз (70 грама) со зеленчук + 120 грама варен ослич (зачинет) + зелена салата.

Четврток

Ручек

70 грама ориз со шпаргла + 40 грама шунка + овошна салата од јаболки и киви

Вечера

Салата од октопод (120 грама) + 1 компир (варен)  + артичоки + 1 кришка интегрален леб.

Петок

Ручек

100 грама грав + конзерва туна + интегрална земичка + овошна салата

Вечера

70 грама ориз со домати и маслиново масло + 120 грама мисиркино месо + тиквички и пиперка

Сабота

Ручек

200 грама компири во сос од домати + 60 грама шунка + салата

Вечера

Парче лосос печено на скара + сварени и малку пропржени компири (2) + интегрална земичка.

Недела

Ручек

70 грама ориз со тиквички + 40 грама сирење + зелена салата

Вечера

Омлет од 2 јајца со шпаргла + мешана зелена салата + 1 интегрална земичка.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 34716

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>